НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од понеделник на Телма стартува „Инсајдер“- нова ТВ серија

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од понеделник на Телевизија Телма започнува да се емитува нова серија „ Инсајдер“.

„Инсајдер“ е социјано ангажирана тв серија која се осврнува на деликатни теми од актуелната стварност, преку случките во редакција на истоимен неделен магазин, што се занимава со истражувачко новинарство.

„Една редакција е совршено место за да се прикажат, анализираат и пресоздадат некои состојби во општеството , кои што сакавме да ги покажеме преку оваа серија“, вели авторот на сценариото Сашо Кокаланов.

Пресликаната тензија од секојдневната работа во медиумите, во првата епизода ја зголемува веста дека „ Инсајдер“ се затвора.

Но, тоа е само почеток што ги исполни очекувањата.

„За нас навистина беше тешко кога работевме затоа што знаевме дека ќе се соочиме со новинарската фела бидејќи таа е примарна публика која ќе има потреба да се идентификува со ова што ние се обидуваме да го создадеме. И после првата проекција сум навистина задоволен затоа што реакциите на вашите колеги беа одлични“, вели режисерот Игор Иванов ­ Изи.

„Мора да имаш силна концентрација, да си физички подготвен комплетно за да ги завршиш работите како што треба. Драго ми е што фидбекот е одличен“, оцени актерот Дејан Лилиќ.

Покрај Игор Иванов, серијата ја режираа Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Дина Дума и Марија Апчевска. Главната улога ја толкува Ирена Ристиќ, а настапуваат и Светозар Цветковиќ, Јордан Симонов, Силвија Стојановска, Сања Арсовска и други актери. Директор на фотографија е Димо Попов, сценографијата е на Михаил Панев, а костимите на Илина Ангеловска. Директор на серијата е Никола Мадиќ, продукцијата е на телевизија Телма и на „Слобода филм“, а извршен продуцент е Атанас Кировски.

„Инсајдер е континуитет на играната продукција на Телма, која ја започнавме со играната серија за деца „Петко“, потоа лани ја имавме хумористичната серија „Преспав“ и сега годинава созреавме со нешто посериозно како што е „Инсајдер“. Се надевам дека догодина таа продукција ќе изгледа уште подобро“, вели Кировски.

Во првата сезона гледачите ќе видат 26 епизоди, кои ќе се емитуваат секоја вечер од понеделник до петок, во терминот од 20 часот и 30 минути.

Инсајдер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.