Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резултатите од водата во Гостивар ќе бидат готови во вторник

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 16:51

Резултатите од анализите од водата земени од гостиварскиот водовод ќе бидат готови за 72 часа, што значи дека првите конкретни информации ќе излезат во понеделник или најдоцна во вторник, потврдија за НОВА во Институтот за јавно здравје.

Епидемиолошките анкети на тимовите кои од утринава се на терен не покажале ништо конкретно што би укажало што е причинител на стомачните тегоби на 450 луѓе кои во последните три дена побарале лекарска помош.

„ Примероците од пациентите се анализираат во болницата во Гостивар и досега не е изолирана бактерија. Анализите од водата направени во Центарот за јавно здравје во Гостивар, од пред некој ден  не покажале ништо конкретно. Проширените анализи од водата се работат во Институтот за јавно здравје во Скопје и со резултати ќе излеземе најдоцна во вторник“, изјавија  за НОВА во Институтот за јавно здравје.

Институтот за јавно здравје се вршат испитувања на бактериолошкиот и радиолошкиот состав на водата, физичко- хемискиот состав и дали водата евентуално е контаминирана.

Во понеделник екипи на Институтот ќе излезат повторно на терен да лоцираат дали има места во селата или градскиот водовод кои би можеле да бидат причина за оваа појава.

Како што веќе објави НОВА,  60 Гостиварци ноќеска побарале лекарска помош во болницата, со што бројот на оние со стомачни тегоби се искачи на 450 во последните три дена.

Од Министерството за здравство тврдат дека епидемиолошките и другите спроведени мерки покажале дека не постои поврзаност за конзумирање на храна од еден ист извор.

Утринава од 8 часот екипи на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  се на терен и прават увид на состојбата во гостиварската болница.

анализи вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.