Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, од обработени речиси 1.472 од вкупно 1.517 избирачки места каде што се гласаше во вториот круг од локалните избори, кандидатите на СДСМ водат во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во две, ДУИ во 9, на Алијансата за Албанците во три, а ДПА во една општина.
СДСМ води во Бутел, Гази Баба, Виница, Градско, Демир Капија, Јегуновце, Карбинци, Кисела Вода, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.
ВМРО-ДПМНЕ води во Зрновци и Кавадарци, ДУИ во Дебар, Долнени, Желино, Липково, Сарај, Струга, Тетово, Теарце и Чаир, Алијанса за Албанците води во Боговиње, Врапчиште и Гостивар, додека ДПА води во Студеничани. Во Брвеница води независниот кандидат Енвер Пајазити.