Поддржувачите на Висар Ганиу, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир вечерва на плоштадот Скендер-бег со истрели во воздух славеа ја славеа победата на нивниот кандидат.
Видеото е преземено од „Телма“
Пред граѓаните се обрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека со победата на Ганиу се покажало дека Чаир е бастион на ДУИ. Ганиу пак се заблагодари на сите што гласале за него и на сите организации, групи и поединци кои му помогнале во кампањата.
Како што јавува телевизијата „Телма“ пред говорите десетина од присутните испукаа цели шаржери во воздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата.
Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испукал цел шаржер, а неколку куршуми удриле во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Османи.