НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Граѓаните слободно гласаа, гласањето во демократска атмосфера

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера.

-И овој пат бевме сведоци на брза и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во, и надвор од гласачките места. Во овој изборен круг исто така беа отстранети техничките предизвици при спроведувањето на гласањето кои беа забележани во првиот круг. Во текот на денот набљудувачите најчесто јавуваа за случаи на групно/семејно гласање и фотографирање на гласачките ливчиња, но мора да се истакне дека фреквенцијата на сите видови забележани неправилности беше намалена, споредено со првиот изборен круг, велат од МОСТ.

Гласањето на болните и немоќни лица пред денот на изборите на оние избирачки места каде што МОСТ имаше свои набљудувачи генерално беше спроведено во согласност со процедурите, освен што еден избирачки одбор не ја носел со себе гласачката кутија, а во неколку случаи не била запазена тајноста на гласањето. Гласањето на лицата во затвор се спроведе со истиот проблем како и во првиот круг, односно поголем број на лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи, со што беа опфатени околу 50% од гласачките места во секоја од општините во кои се спроведуваше втор круг.

За набљудување на гласањето на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 39 набљудувачи кои ја следеа работата на 47 избирачки одбори, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи – 12.

Исто така, предмет на набљудување беше и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

Набљудувачите на МОСТ беа статични и го следеа процесот на гласање во текот на целиот изборен ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

 

втор круг локални избори 2017 МОСТ прелиминарен извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.