Премиерот Зоран Заев денеска во обраќање на Самитот „Македонија 2025“ рече дека двајца членови на владата која тој ја предводи веќе се под истрага за корупција. Тој додаде дека истрагите се водат врз основа на пријави од граѓани.
Заев рече и дека активно се борат против корупцијата и дека тоа прашање е многу важно во правец на привлекување на инвестиции.
„ Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така може да се овозможат нови инвестиции“, рече Заев на панел дискусијата на тема ’Што научивме и како да ги применуваме доаѓањето на инвестициите’ на Самитот Македонија 2025.