Демократската Унија за Интеграција останува на истиот став за вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово.
-Судскиот процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот. Затоа, го покануваме Министерството за внатрешни работи и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија, со цел размена на информации кон целосно расветлување на случајот, се вели во соопштението.