Многу високо ниво на загадување на воздухот утрово е регистрирано на мерните станици во скопските опптини Карпош и кај Ректоратот, над 100 микрограми на еден метар кубен, што е речиси двојно од дозволените 40 микриграми на метар кубен, покажува моменталната ситуација која може да се следи на страницата на Министерството за животна средина.
Мерните станици во скопските општини Карпош и Лисиче вчера вечер покажаа многу високо ниво на загадување на воздухот, а се чувстувала и смрдеа на запалено.
Канцерогените ПМ10-честички во Карпош достигнаа 222 микрограми на еден кубен метар, а во Лисиче 229 микрограми, што е за речиси пет пати повеќе од дозволените 50 микрограми на еден кубен метар.
Многу високо ниво е измерено и на ПМ2,5-честичките во Карпош, каде достигнаа 180 микрограми на еден кубен метар, што е за 9 пати повеќе од дозволените 20 микрограми. Во Центар нивото на овие честички вечерва достигна 90 микрограми.
Високо ниво на аерозагадување има во Центар каде што се измерени 133 микрограми на еден кубен метар, на мерната станица Ректорат измерени се 113 микрограми, во Битола мерната станица покажува 106 микрограми, во Кичево 151, во Тетово 105 и во Кавадарци 158 микрограми на еден кубен метар.
Средно ниво на загадување има во Гази Баба, каде што се измерени 59 микрограми, и во Куманово каде мерната станица покажува 66 микрограми канцерогени честички на еден кубен метар.