Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се воведуваат мерки против загадувањето во сите сегменти

0
By Нова ТВ on November 8, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 8, 2017 14:43

Централните и локалните власти, невладините организации, приватниот сектор и домаќинствата потребно е преку интегриран пристап и со заеднички напори да го надминат проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје. Ова е заклучокот од денешниот состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје.

Надлежните конечно седнаа на заедничка маса. Ќе го зголемуваат мерките против загадувањето на воздухот и најавуваат меѓуресорска соработка. На состанокот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, заменик-министерот Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на скопските општини.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки истакна дека првпат во буџетот на Македонија е предвидена ставка со средства и мерки за намалување на аерозагадувањето и за отстранување на дивите депонии.

Дураки посочи дека во соработка со локалната самоуправа излегуваат со неколку предлог-проекти за решавање на овие појави, а тоа се субвенционирање за поставувањето филтри во институциите, воспоставување филтри во јавните претпријатија и тие да добијат А лиценца, поттикнување на потребата на електрични возила, зголемена и зајакната инспекцијата и контрола од страна на одговорните инспекторати на државата.

Макрадули апелираше на заедничка акција на државните органи, бизнис заедницата, НВО секторот, медиумите и граѓаните.

„Сите анализи покажуваат доколку се примени само една мерка загадувањето не може многу да се намали и затоа ни треба еден интегративен пристап кој го промовираме денеска. Пристап кој значи зголемена контрола за време на техничкиот преглед, сочувување на зелените површини и урбаниот простор, како и преговори, договори како да го зголемиме бројот на граѓани кои се корисници на топлинскиот систем кој е дел од локалната самоуправа“, изјави Макрадули.

Според него, потребни се помагања и субвенции од МЖСПП, од локалните самоуправи и од бизнис заедницата кон ранливите категории за да можат да го променат својот начин на загревање.

Постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон информира за нивното истражување што покажало дека домаќинствата со нивното греење учествуваат со една третина во загадувањето на воздухот, а со 20 отсто учествуваат транпортот, индустријата и градежништвото.

„Најзначајниот наод од студијата е дека 45 отсто од домаќинствата се греат со дрво или со други штетни материи за воздухот. Скопје троши 370.000 тони огревно дрво што е еднакво на бројот на дрвја годишно што се наоѓаат на Водно“, рече Винтон.

Таа истакна дека произлегле три предлози за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот, домаќинствата да ги променат застарените печки кои функционираат со огревно дрво со печки на пелети, инвестирање во изолација на домовите и што повеќе домаќинства да се приклучат на централно греење

Загадување мултиресорски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.