Владата го доставила Предлог- буџетот за 2018 година до Собранието на Република Македонија. Се очекува расправата да почне неделава, како што најави во петокот претседателот на Собранието, Џафери.
Тој рече дека ќе ја прекине расправата по Законот за употреба за јазиците, што продолжи денеска, и оти предност ќе му даде на Предлог- буџетот за 2018-та година.
Општ и амандмански претрес по Предлог- буџетот за 2018-та година најнапред води матичната Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Претресот може да трае, според деловникот за работа на Собранието, најмногу 10 работни дена.
По завршувањето на претресот, Владата подготвува дополнителен предлог со прифатените амандмани и тој се доставува до Собранието, кое на пленарна седница може да расправа најмногу пет дена.