Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп Јуниор во комуникација со Викиликс против Клинтон

0
By Нова ТВ on November 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 14, 2017 09:41

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Трамп, во најновиот дел од истрагата за руско влијание на последните избори е утврдено дека имал директна врска со претставници на Викиликс, со цел, преку оваа веб платформа да се објават материјали за Хилари Клинтон од Демократската партија и на тој начин да и се наштети пред гласачите.

Трамп Јуниор со хакерите од Викиликс предводени од Џулијан Асанж комуницирал со пораки на Твитер. Копии од пораките кои доаѓаат најверојатно од блиски соработници на Доналд Трамп се доставени до конгресната комисија која ја води истрагата за руската поврзаност на претседателот Трамп и неговата кампања.

Комуникацијата се одвивала десетина дена пред самите избори и претставници на Викиликс на Трамп Јуниор му испратиле веб линк со содржини кои водат директно да хакираните мејлови на Џон Подеста, шефот на изборен штаб на Хилари Клинтон, а потоа и на самата Клинтон од приватниот сервер каде испраќала службени пораки.

Тоа доведе ФБИ да најави истрага против Клинтон, неколку дена до изборите кои таа, од сигурен победник, ги заврши како изненаден губитник.

Џулијан Асанж ги обвини американските мејнстрим медиуми дека ја извртуваат приказната да звучи дека зад ова има игра на руските тајни служби, односно дека Трамп и неговиот тим извршиле предавство на американските интереси и дека Викиликс е алатка на руското разузнавање, што според него е голема фантазија.

Самиот Асанж вршеше притисок врз Трамп да ги објави даночните пријави што секако се уште не е сторено.

Трамп Јуниор исто така е осомничен дека одржал состанок со руска државјанка поврзана со Кремљ на која присуствувал Пол Манафорт екс менаџерот на кампањата на Трамп кој сега е во домашен притвор, потоа Џерет Кушнер зетот на Трамп и уште најмалку тројца членови на кампањата со цел да добијат информации и документи против Хилари Клинтон.

американски избори Асанж Викиликс Доналд Трамп Јуниор Клинтон руски влијание Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.