Комисијата од Министерството за правда во петок ќе оди во Врховниот суд за да провери дали се правени злоупотреби на електронскиот АКМИС систем за распределба на предметите, донава неофицијално Алсат.
Комисијата веќе ги истражуваше системите во Апелацискиот и во Кривичниот суд. Првичните информации беа дека во скопска единица предметите се делеле на рака, а електронскиот систем, манипулиран. Паралелно истрага на софтверот во Кривичен има и Специјалното јавно обвинителство.