Силно невреме го погоди вчера Загреб и предизвика големи штети. Оркански ветар рушеше стебла, откорнуваше покриви, сообраќајни знаци, а еден пешак е повреден – врз жената во центар на град паднала една антена од околните згради.
Пожарникарите имаа полни раце работа – над 100-тина интервенции, по паднатите дрвја врз автомобилите.
Силниот западен ветар во Загреб дигна густа прашина и видливоста беше значително намалена. Силниот ветар ја намали и температурата на воздухот.
Ветар дуваше и во Загорје и Меѓимурје, а во Риека паѓаше дожд, по што температурата се падна на 26 степени. Од венецијанското подрачје бурата се прошири на северен Јадран и почна да се приближува кон западниот дел на Истра.
Ладниот бран кој ја зафати Истра – температурата ја спушти на 10 степени, а предходно беа измерени 38.