Министерството за внатрешни работи објави видео снимка од синоќешната контрола што ја изврши во ноќните клубови во Тетово.
Полициските екипи заедно со инспектори на Управата за јавни приходи ноќеска проверуваа угостителски објекти во повеќе градови, меѓу кои и во Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар и во Велес.
Минатата недела имаше акција во Скопје, во која беа затворени 13 локали.
МВР денеска најави прес конференција на која ќе соопшти детали од синоќешните контроли.