Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Поткуп“ одложен, се чека одлуката на Апелација за снимките од ПИМ

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 20, 2017 10:04

Рочиштето за „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, што требаше да продолжи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 25 декември 2017 година.

Судењето е одложено за да се почека одлуката на Апелацискиот суд на 27 ноември за тоа дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во постапката.

Премиерот Зоран Заев во придружба на своите адвокати денеска се појави на закажаното рочиште.

-На 27-ми ќе се одржи јавна седница во Апелација, каде што ќе се разгледа нашата жалба, па поради тоа денешното рочиште се одложи, а наредното е закажано за 25-ти декември, изјави Заев.

Претходното рочиште, на 27 септември, беше одложено поради отсуство на судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Судот воедно го одби барањето на одбраната снимките кои се доказ во постапката, а кои беа објавени на Јутјуб да не се користат во предметот. Решението дека овие снимки ќе бидат доказ во постапката им беше врачено на обвинетиот Заев и на неговите адвокати. Адвокатот Филип Медарски најави жалба на ова решение.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Наводно, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Нарачаните шамари за Жерновски

И Никола Груевски треба да се појави во суд за обвиненијата за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. Во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, покрај Груевски, обвинети се уште 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова.

Претходното рочиште на 28 септември беше одложено поради отсуство на двајца обвинети.

Обвинителката Фатиме Фетаи тогаш предупреди дека и по година и два месеци главната расправа не почнува и дека предметот ќе ни застари.

Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски побара да се суди секој ден.

Насилствата во општина Центар се случија во 2013 година кога група граѓани се собраа пред општината за да ја „одбранат“ изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. За овој случај беа објавени и прислушувани разговори во кои се слушаше како тогашниот премиер Груевски, нарачува шамари за градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

За случајот со нарачаните шлаканици, СЈО поднесе обвинителен предлог на 15 септември минатата година.

Во меѓувреме, Апелација донесе одлука да ја уважи жалбата на Специјалното јавното обвинителство и прифати „бомбите“ што ги објавуваше опозицијата да можат да бидат доказен материјал за предметот поврзан со насилството во општина Центар.

Основниот суд Скопје 1 ги отфрли во декември 2016 година.

Во „бомбите“ што ги објавуваше премиерот Зоран Заев, како лидер на опозицијата, објавен беше разговор во кој тогашниот премиер Никола Груевски нарачува некој да му „врзе три-четири шамари“ на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Зоран Заев одложено поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.