Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесени 90 амандмани за законот за употреба на јазиците

1
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 21, 2017 13:41

Вкупно 90 амандмани се поднесени за Предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокот.

Најмногу 84 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ четири и Беса два.

Седницата на Комисијата за европски прашања, на која ќе се разгледуваат амандманите, е закажана за утре во 15 часот, а треба да трае три дена.

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Беса по завршувањето на општата расправа на предлог-текстот најавија амандмани.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа четири амандмани на Предлог-законот за употреба на јазиците што ќе значат унапредување на правата на етничките заедници во земјата, изјави денеска координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев. Амандманите, според него, имаат поддршка и од колицискиот партнер ДУИ.

– За нас е исклучително важно заеднички да дојдеме до законско решение кое навистина ќе биде во интерес на сите граѓани во оваа држава, истакна Тунтев.

Со амандманската интервенција се унапредува позицијата на помалите етнички заедници кои се наведени во преамбулата во Уставот, потенцираше Тунтев, што ќе овозможи и овие заедници да остваруваат одредени права предвидени во предложеното законско решение. Станува збор, како што појасни тој, за амандман на членот 1 на предлог-законот во кој освен албанскиот јазик СДСМ предлага да се набројат и јазиците на сите етнички заедници наведени во преамбулата на Уставот.

Исто така СДСМ поднесе амандман и за намалување на висината на казните што беа наменети за институциите што нема да го почитуваат законот.

– Според нашиот предлог казните од 4.000-5.000 евра се намалуваат на 1.000-2.000 евра. Потоа исто така ја допрецизираме регулативата при водењето на седниците во Собрание и во Влада, рече Тунтев.

Според него, овие амандмани на пратеничката група добиле поддршка и од коалицискиот партнер ДУИ, а целта е заедничко решение кое практично ќе биде применливо.

– Информирани сме од Владата дека постои заклучок и општа согласност Министерството за правда преку Министерството за надворешни работи да побара мислење од Венецијанската комисија за целиот текст на законот по неговото усвојување, како и за отворените прашања кои не се дел од овој закон, а веќе се доставени до Венецијанската комисија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Потсети дека коалициските партнери јавно презедоа обврска дека ќе го почитуваат мислењето на Венецијанската комисија и во случај на забелешки дека ќе ги вградат во законот, што лани беше побарано и од еврокомесарот Јоханес Хан.

– Оттука процесот за подобрување и унапредување на законското решение не завршува со овие четири амандмани, туку и натаму ќе се работи на тоа да дојдеме до решение кое ќе биде квалитетно и практично применливо, рече Тунтев.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 84 амандмани за Предлог-законот за употреба на јазиците. И тие, како и нивните колеги од владејачкото мнозинство, предлагаат дополнување на членот 1 од текстот со наведување на јазиците на сите етнички заедници односно копирање на уставната преамбула.

Исто така тие амандмански предлагаат намалување на казните предвидени во предлог-законот за институциите од 4.000-5.000 евра на 40-50 евра.

Со еден од амандманите се бара бришење на сите членови од предлог-законот.

ВМРО-ДПМНЕ преку амандманите предлага судските постапки да се водат според материјалните закони, а одлуките да бидат на македонски јазик и потоа да се преведуваат на јазикот на заедниците, во државните институции албанскиот јазик да се употребува само во средините каде што тие се над 20 отсто, а не на целата територија, упатството на лековите да биде на сите јазици…

Пратеникот Илија Димовски денеска повторно побара бришење на европското знаменце од Предлог-законот за употреба на јазиците, како и итно одржување на јавна расправа за законот. Но пратениците го одбија неговиот предлог.

амандмани закон за јазиците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.