НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Труст: Сведокот го препозна договорот, но не знае што е реализирано

1
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два часа сведокот Феим Имери одговараше на прашањата на СЈО и на одбраната за фактурите од 2009, 2010 и 2012 година за начинот на кој неговата фирма „Фичо сервис“ соработувала со фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан, во случајот на СЈО „Труст“ за незаконскиот тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола.

СЈО во судница на газдата на  „Фичо сервис“  му предочи договори за продажба на багери, лифкери, гасеничари и го праша дали неговата фирма навистина ја продала опремата наведена во договорот и дали „Трансмет“ е купувачот.

Тој договор бил дел од тендерската документација која ја дал Кочан како доказ дека поседува механизација, чии ориганали СЈО не можело да ги пронајде во фирмата на сведокот.

Според СЈО, тоа е договор кој не се реализирал во целост („Трансмет“ купил само една од машините, а не сите) и не бил финален. На прашање на обвинителите, дали е договорот негов и дали ја продал механизација посочена во него на „Трансмет“, сопственикот на „Фичо сервис“ одговори дека договорот е негов, но не може да прецизира дали и што е реализирано од него велејќи дека требало да го повикаат заедно со сметководителите од неговата фирма.

Имери рече дека фактурите што се предочуваат се негови, како и меморандумот, но не е сигурен за личниот потпис, бидејќи, како што рече, низ годините ги менувал потписите.

Но, тој го препозна и го потврди потписот што го ставил на документот што му го дале СЈО за одземени предмети.

Сведокот потврди дека работи со фирмата Трансмет од 1991 година.

Специјалните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски во изјава за медиумите појаснија дека само една од машините кои стојат во купопродажните договори со фирмата на сведокот Имери, Кочан вистински ја набавил. Трите фактури и еден договор се од фирмата „Фичо сервис“ и опремата која ја содржат овие документи, а која се однесува на фирмата „Трансмет“ никогаш не била набавена.

Денеска требаше да се сослушаат двајца сведоци по предлог на СЈО меѓутоа едниот од нив, Васил Ристов, управител во „Силекс“, не дојде. Иако рекол дека ќе биде присутен на рочиштето, од утрово не им одговарал на телефонските повици на обвинителите на СЈО

На почетокот на рочиштето одбраната се жалеше дека не им е доставена целосната листа на докази односно таа не одговара со предложените и не можат да изнесат аргументирано одбрана. Исто така, реагираа и дека дел од сведоците што ги предложил СЈО се и нивни сведоци и им е ускратено правото директно да ги испрашуваат. Еден од нивните приговори беше и што дел од доказите како што се фактури и други документи, се на англиски, германски и турски јазик, и побараа да им се достават преведени. Адвокатите имаа и свои предлози за докази.

Судот одлучи да ги прифати сите докази на одбраната, а тие на СЈО што не се преведени наложи да се преведат и не ја исклучи можноста во текот на постапката да не дозволи изведување на одредени докази.

Следното рочиште, кога треба да се појави и сведокот што денеска не дојде, е закажано за во четврток.

Во случајот „Труст“, освен бизнисменот Сеад Кочан обвинети се уште Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, од фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“, ДООЕЛ кои се товарат дека здружени во конзорциум доставиле фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност со цел да добијат тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаглен во Суводол, од над 17 милиони евра.

Договор Кочан потпис сведок Труст Фичо сервис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.