НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паралелниот увоз заглави кај измените на Законот за лекови

3
By Менче Атанасова Точи on November 21, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измените на Законот за лекови со кој се најавуваше поголема контрола на паралелниот увоз на лекови се уште тапкаат во место. Во Министерството за здравство за НОВА велат дека работните групи составени од фармацевти од министерството и МАЛМЕД се уште ги обработуваат податоците. Кога ќе бидат доработени треба да ги испратат во правната служба за да се стават во една целина за потоа да одат во Влада и во Законодавниот дом.

„Во Министерството здравство во соработка со  МАЛМЕД се работи на Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства. Сега се во фаза -обработка на забелешките и предлозите доставени од заинтересираните страни по Нацрт Извештајот за оценка на влијанието на регулативата, по што ќе се дефинира Предлог Извештајот и текстот на законот“, се вели во одговорот од ресорното министерство.

Измените се подготвуваат неколку месеци, а дополнително ги усложнува работите и фактот што Министерство за здравство повеќе од два и пол месеци нема министер.

Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) најави длабоки резови со кои ќе се гарантира сигурноста на лековите. Се повикаа и на измените на Законот за лекови во делот на паралелниот увоз. Но, граѓаните се уште не знаат колку се безбедни лековите кои ги земаат, а доаѓаат преку паралелен увоз од Турција.

Граѓаните не знаат како се чувани и транспортирани овие лекови, дали доаѓаат директно од производителите бидејќи нема податоци што се случувало со овие лекови пред да бидат внесени во Македонија.

Дека има простор за сомнеж го поткрепува и случајот на Клиниката за детски болести кога две пациентки со ретка болест минатата година добиле силна несакана реакција од лек. Овој лек за првпат тогаш бил внесен во државата со паралелен увоз. Едната од нив за НОВА потврди дека претходно, со истиот лек никогаш немале такво лошо искуство, иако го користат со години.

Реакцијата кај една од нив,  била толку силна, што доколку таткото на девојчето не ја сопрел инфузијата можело да заврши  фатално по нејзиниот живот, дознава НОВА од лекарски извори на клиниката. Случајот го потврдија и во здружението на лица со ретки болести„ Живот со предизвици“. Станува збор за лек во форма на прашок за инфузија кај кој  мора да биде запазена температурата при транспортот и чувањето. Лекот веднаш бил повлечен од употреба, по што била известена Агенцијата за лекови(МАЛМЕД).

Весна Алексовска од „Живот за предизвици“која исто така добила реакција од лекот, за НОВА вели дека никогаш претходно не се случило вакво нешто, пред лекот да почне да се внесува преку паралелен увоз.

„Јас сум втората пациентка која доби несакана реакција од лекот, но беше поблага од таа кај девојчето од Гостивар. Никогаш не сме имале реакција освен тогаш кога лекот беше донесен преку паралелен увоз. На барање на Агенцијата за лекови беа направени испитувања но, никогаш не добивме одговор за исправноста на лекот“, изјави за НОВА Весна Алексовска претседател на здружението на граѓани со ретки болести„Живот со предизвици“.

После ова, лекот бил повлечен од употреба,  а пациентите со ретката болест Гоше, шест месеци останаа без терапија. Неопходните лекови ги добиле дури по шест месеци, а биле испорачани директно од производителот.

НОВА од свои извори во Агенцијата за лекови( МАЛМЕД) дознава дека истата година биле откриени неколку видови фалсификувани лекови и неколку пати имало уништување на лекови.

За некои вакви случаи НОВА веќе информираше.

Извори за НОВА од Агенцијата велат дека се правеле контроли на сите серии, но тврдат дека никогаш не се знаело што се случувало со лековите во Турција пред да ги преземе веледрогеријата што ги извезува во Македонија. Не можеле да знаат ниту какви промени имало кај овие лекови во оваа земја. Ова се случувало и покрај тоа што и увозниците, односно носителите на одобренија за паралелен увоз имаат обврски за следење и пријавување на промени во  Упатството за пациент,  кои настанале во земјата од која лекот се увезува со што ќе се овозможи следење и усогласување на промените со регистрираните лекови во нашата држава.

Нашите извори посочуваат дека во таква ситуација се враќале назад и цели пратки со инсулини на кои немало дата логер на кој се регистрираат записи за време, датум, температура и влажност на која се чувале инсулините. Инспекторите наоѓале отворени цели кутии, се случувало да вратат и апаратчиња за шеќер во крвта кај дијабетичари. За сето тоа време екс министерот Тодоров не дозволувал да има измени во делот на паралелниот увоз, велат извори од МАЛМЕД.

„Реагиравме до екс министерот Тодоров дека лековите не смеат да влегуваат без сертификати од производителите, баравме да се воведе контрола на секоја серија која влегува во државата. Но, се беше политика“ велат извори од Агенцијата за лекови.

Единствена измена на Законот за лекови се случила во 2015 година во делот на контролите на лекови, врз основа на која подоцна се пишувале казни за дистрибутерите.

Откако НОВА започна со истражувањето на паралелниот увоз на лекови, од Агенцијата за лекови ( МАЛМЕД) најавија сериозни и позитивни промени кои ќе се случуваат во наредниот период , како што е контрола на сите серии и усовршување на системот за пријавување на несакани дејства. Нема информација што е направено до сега бидејќи директорот Роберт Бекировски не одговара на телефонските повици ниту на пораките и јавноста не е информирана што прави МАЛМЕД за да им ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните.

НОВА веќе објави дека  40 проценти од лековите на рецепт во аптеките  и 60 проценти од болничките лекови се од паралелен увоз.  Странските фармацевтски компании здружени во асоцијацијата „Фарма бренд Нова“ веќе се изјаснија дека се сомневаат дека 40 проценти од овие лекови се фалсификувани.

Паралелниот увоз на лекови во државата почна да се применува во 2012 година со амин на тогашниот министер Никола Тодоров. Експертската јавност и надлежните институции сметаат дека вака како што е регулиран законот не ја гарантира исправноста на лековите. Затоа, од Министерството за здравство ветија дека со измените на Законот за лекови, паралелниот увоз треба да се приближи до европското законодавство, со што ќе се гарантира нивната безбедност.

 

 

 

 

 

закон лекови паралелен увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.