НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема потврда дека истрагите против 22 НВО се затворени

0
By Нова ТВ on November 22, 2017 ПОЛИТИКА
фото: Мета
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанските организации што беа предмет на истраги на МВР по налог на ОЈО, сè уште немаат добиено официјална информација дека истрагите се завршени и не е пронајден криминал, вели Фани Каранфилова-Пановска, извршната директорка на Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, на денешната конференција „Е-општество“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, објави агенцијата „Мета“.

„Многу ми е драго што слушнавме изјава од министерот за внатрешни работи дека истрагите што ги спроведуваше МВР по налог на ОЈО кон граѓанските организации се затворени и не се најдени никакви криминални дејства. Таа вест е одлична, но сакам да кажам дека ние, повеќе од 22 организации што бевме предмет на сериозен институционален притисок од декември 2016 до мај, односно јуни 2017 година, сè уште немаме никаков официјален одговор од ОЈО од каде што беше поведена оваа истрага и под чиј налог и МВР и Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање беа присутни во нашите канцеларии. Немаме никаква официјална информација дека предистражната постапка е запрена затоа што не се најдени прекршувања на законите, а официјална информација за постапките немаме ниту од Управата за јавни приходи“, вели Каранфилова-Пановска.

Според неа, медиумските реформи треба да се направат професионално и нагласи дека дебата мора да има и дека треба навремено да се истакнуваат сите недостатоци.

Таа на конференцијата „Е-општество“ истакна дека и не постои никаква гаранција дека сè уште не се прислушува нелегално.

„Можеби и не се прислушува, но јас не добивам таков впечаток ниту од пишаните документи ниту од тоа како течат процесите. Со самиот факт што МВР допрва поведува инцијатива за нов закон за оперативно-техничка агенција што треба да го извади делот за прислушување од УБК, покажува дека таму поставеноста до пристапот до информации не е променета“, додаде Каранфилова-Пановска.

истрага МВР невладини организации ОЈО УЈП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.