НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шешељ бара од Србија да формира институт за анализа на одлуките на Хаг

0
By Нова ТВ on November 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ денеска ја повика српската влада под итно да формира научен институт кој би ги студирал судските практики на Хаг, а воедно порача дека Србија не смее да реагира пасивно на вчерашната одлука против воениот командант Ратко Младиќ, кој доби доживотен затвор за геноцид и злосторство врз човештвото.

„Србија мора да пружи квалитетен и стручен одговор на се што се случуваше во Хаг. Не се доволни само политички фрази. Лесно е да му упатуваме на Хаг политички аргументи но важно е тоа да биде поткрепено и со правни аргументи. Ни тоа не е тешко, само потребна е волја“, изјави Шешељ денеска.

Младиќ осуден на доживотен затвор, како течеше процесот до пресудата

Зборувајќи за пресудата на Младиќ, кој Хашкиот трибунал вчера го осуди на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, радикалецот Шешељ смета дека се работи за противправна одлука и дека судиите не укажале на ниту една конкретна поврзаност помеѓу Младиќ и злосторството кое му се препишува.

Според него, сето тоа било смислено и испланирано и недостасувало адекватен одговор од Србија.

Шешељ смета дека не може да стане збор за геноцид бидејќи немало намера да се уништат сите муслимани и исто така, немало ниту еден геноцид во кој едната страна ја поштедила другата.

Тој смета дека Трибуналот сакал Младиќ да умре пред жалбената постапка во која одлуката на судиите би можела да биде поништена.

 

Ратко Младиќ Хаг Хашки Трибунал Шешељ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.