Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Условна казна од 6 месеци за Лазаров за насилствата во Центар

8
By Нова ТВ on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 24, 2017 13:02

Томислав Лазаров е виновен за дело – насилство во случајот со нарачаните шамари во општина Центар, во кој првообвинет е поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На Лазаров кој бил претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кога се случија насилните протести пред општина Центар и кој призна вина  му е определена алтернативна мерка -шест месеци условна казна ако во рок од две години не стори кривично дело.

Како олеснителна околност за Лазаров е земено тоа што тој ја признал вината и длабоко се покајал, признание дадено без притисок и без уцени, како и тоа што е млад човек и е татко на две малолетни деца.

По изрекувањето на пресудата, Лазаров во изјава за медиумите не сакаше да ја коментира одлуката на Кривичниот суд.

Повтори дека жали за стореното и дека повеќе нема да прави нови кривични дела.

Лазаров не сакаше да коментира како неговото признание и пресудата ќе влијаат за останатите обвинети во случајот „шамари во Центар“ со цел да не и наштети на постапката.

Лазаров е се уште актуелен советник во советот во општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, но не сакаше да каже дали стравува дека можеби ќе има притисоци или закани од своите сопартијци.

Пресудат е правосилна бидејќи и тој и СЈО е откажаа од правото на жалба.

Тој е четвртообвинет за случајот за насилство,  дека го поттикнал и организирал дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест, со наводен мотив дека ќе се протестира поради рушењето на црквата „Св. Константин и Елена“, која беше во фаза на градба на бул. „Македонија“, иако тоа воопшто не било точка на дневниот ред на седницата.

Во предметот „насилство во Центар“ обвинети се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица. Судењето за овој случај на СЈО треба да продолжи на 29 ноември.

Насилствата во општина Центар СЈО Томислав Лазаров условна казна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.