НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекината расправата за избор на државен јавен обвинител

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието доцна попладневно ја започна расправата за избор на државен јавен обвинител, но таа по половина час беше прекината, а како што рече спикерот Талат Џафери, нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано, најверојатно на средината на декември, бидејќи од понеделник почнува расправата за предлог буџетот, која според Деловникот ќе трае околу две недели.

По оваа точка зборуваа само претставникот на предлагачот, заменик министерот за правда Оливер Ристевски и координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Ристевски образложувајќи го предлогот на Владата Љубомир Јовески д абиде нов државен јавен обвинител, рече дека тој има богата професионална кариера во казненото право и има позитивно мислење од Советот на јавни обвинители. Тој рече дека Јовески е без петно во кариерата, со силни морални и етички квалитети, целата кариера ја градел во правосудните органи, што според Ристевски се гаранција за успешно извршување на функцијата пред која се наметнуваат, како што рече, големи предизвици.

Илија Димовски рече дека нема да ги коментира персоналните карактеристики и рече дека ќе зборува за дефектот во системот за избор на јавен обвинител. Според Димовски требало да се направи реформа и изборот да биде по нови правила.

-Во дух на еуфорија, нереформирањето на оваа област пред избор на на нов јавен обвинител е поголем проблем за вас и за новиот јавен обвинител. Да направевме реформа заедно прифатливо за целото општество, макар бил и истиот човек, ќе влезеше со многу поголема доза на пренесен кредибилитет и доверба и слобода на искажување на професионалноста во својата работа, рече Димовски.

Претходно без расправа беше изгласан Законот изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување. Во досегашниот тек од 22-та седница се донесени и Законот за изменување на Законот за акциза, Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување.

закони расправа за државен јавен обвинител Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.