Скопскиот загаден воздух и денес нема да ги поштеди жителите на главниот град.
Утринава со ПМ 2,5 честички најзагадена е Општина Центар, велат мерењата за квалитет на воздухот што ги објави Министерство за животна средина и просторно планирање. Висока концентрација на ПМ 10 честички има во сите скопски општини но и во Тетово.
Загадени со висока концентрација на ПМ 2,5 се и Карпош, Битола и Куманово.
Мерењата покажуваат дека од 20 ноември секојдневно е во пораст загадувањето на воздухот, посебно со ПМ10 честичките, чија максимална средна дневна вредност е 50 микрограми на кубен метар. Така на пример, во Лисиче на 23 ноември надминувањето на прагот е за четири и пол пати над дозволеното и изнесувало 220 микрограми на кубен метар.
На страната на Министерството за животна средина може да се провери загаденоста на воздухот во Македонија.