По втор пат за една недела проработи вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали. Поради тоа десетици авионски летови кон и од Бали беа откажани.
Од вулканот излегува чад и пареа на 4000 метри надморска височина. Околу 2.000 патници се блокирани, најмногу туристите од Австралија.
Ерупцијата на Агунг во 1963 година однесе 1.600 животи.
Властите и кажаа дека нивото на предупредување останува непроменето, бидејќи ерупцијата е мала. Портпаролот на агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо кажа дека нивото на предупредување е на второ ниво и дека не се забележани сеизмички активности.
Според локалните медиуми, 25 илјади лица не можат да се вратат во своите домови од септември кога вулканот даде знаци на активирање.