Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе одлучува дали снимките од посебните истражни мерки објавени на Јутуб можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“.
Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите, бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.
Заев во „Поткуп“ е обвинет дека во својство на градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Наводно, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.
Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.