НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Кинеската иницијатива 16+1 нуди можности за македонските проекти

0
By Нова ТВ on November 27, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев смета дека Македонија може да ги искористи перспективите што ги нудат евтините кредитни линии од владата на НР Кина упатени до сите земји во регионот користејки го Патот на свилата како нова програма што е отворена како дел од иницијативата 16+1 за соработка на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина, за капиталните инфраструктурни проекти.

-Република Македонија е подготвена да настапи со многу капитални инфраструктуирни проекти. Еден од приоритетите е железничката линија од Коридорот 8, посебно делот од Кичево до границата со Албанија, во проектна вредност од околу 500 милиони евра, како и автопатското решение за делницата Велес-Прилеп, кое во делот на централна Македонија ќе обезбеди инфраструктурно решение за олеснување на патувањето на граѓаните во внатрешниот дел на нашата земја. Секако остануваат и многу други проекти на кои што ќе се посветиме, како што е  модернизирањето на железничката пруга од македонско-грчката граница до Табановце, како дел од Коридортот 10, и обновата на автопатските и на патните мрежи низ републиката, кои, исто така се дел од нашите приоритети“, рече Заев во изјавата за медиумите, на Самитот 16-1 што се одржува во Будимпешта.

На новинарско прашање какви придобивки може да се очекуваат со оглед на тоа дека идната година домаќин на овој самит за соработка на земјите од источна и централна Европа со НР Кина, ќе биде Бугарија, премиерот Заев рече дека Република Бугарија е  голем поддржувач на интересите на Република македонија и дека тоа произлегува и од договорот за соработка, добрососедство и пријателство.

– Бугарија идната година ќе биде во центарот на европското и светското внимание преку нивното претседавање со ЕУ во првата половиона од годината, а во втората, оваа земја ќе биде домаќин и на овој самит. Јас верувам дека Република Македонија колку повеќе ќе подготви готови проекти, дотолку повеќе ќе може да партиципира со поголеми очекувања во сите овие можности што се нудат за земејите од источниот и централниот дел на Европа“,  рече Заев.

Во врска со одлуката на Бугарската православна црква за барањето  на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, премиерот Заев рече дека е исклучително позитивна подготвеноста на БПЦ да го води и помага целиот процес за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

Заев кинески кредити Самит 16+1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.