НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев се сретна со кинескиот премиер Кечијанг, најавени повеќе проекти 

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот 16+1 во Будимпешта се сретна со премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг.

Како што соопшти прес службата на Владата, Заев истакнал дека Македонија е подготвена со повеќе конкретни проекти да аплицира за поволните кинески кредитни линиии посочил дека многу е важна поддршката на Народна Република Кина за воспоставување на поинтензивна економска соработка меѓу двете земји.

На средбата двајцата премиери ги разгледале проектите од регионално значење за Коридорот 10 и се согласија за негова имплементација и реализација во најбрз рок.

Се разговарало и за ново железничко поврзување по должина на Коридорот 8, при што кинескиот премиер истакнал дека со реализација на Коридорот 8 и Коридорот 10 Македонија ќе стане транспортен јазол во регионот, за што посочи дека инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината на Македонија.

Премиерот Заев најавил дека Република Македонија ќе ја зајакне соработката со врвни кинески компании од областа на информатичките технологии, а во рамки на самитот 16+1 на средбите со претставници на компаниите ЗТЕ и Хуавеи биле споделени идеи и планови за нови иновативни смарт решенија за кои постои согласност дека може да се имплементираат во нов концепт на смарт држава.

 

-Овa е историски момент за Република Македонија. Помошта од Народна Република Кина е значајна за инфраструктурна модернизација на земјата, оценил премиерот Заев, се вели во соопштението.

Во пресрет на 25 годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, следната година, Ли Кечијанг истакнал дека очекува интензивирање и унапредување на соработката меѓу двете земји и посочи дека Народна Република Кина ја има признаено Република Македонија под уставното име и дека во билатералната соработка го почитува тоа.

Потенцирајќи ги добрите билатерални односи меѓу двете земји премиерот Заев додаде дека Македонија ја поддржува т.н. политика на една Кина.

Будимпешта Заев Кечијанг Самит 16+1 средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.