Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одреден притвор за петмина, куќен притвор за двајца

3
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 00:43

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1.

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана утре преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија, се додава во соопштението.

На Игор Дурловски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“ му е одреден 30-дневен притвор. Судот му одреди 30 дневен притвор и на Митко Чавков. Тој денеска беше одведен во судот поради настаните во Собранието на 27 април годинава.

Чавков на ваквата одлука се жалел со својата здравствена состојба.

Според неофицијалните информации, Чавков е веќе спроведен во истражниот затвор во Шутка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски си замина по распитот пред судот. Тој не сакаше да дава никакви коментари и да одговара на новинарските прашања.

Мукоски е еден од шестемина пратеници за кои Судот не може да одреди притвор бидејќи имаат пратенички имунитет. За нив поднесено е барање до Собранието за одземање на имунитетот.

Судот вечерва одреди притвор од 30 дена и на актерот Владо Јовановски кој исто така беше во Собранието на 27 април.

Протести

Пред Кривичниот суд Скопје се уште трае протестот на приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на прес конференција рече дека акцијата на МВР е „последниот чин на пресметка со слободномислечкиот граѓанин кој искажал став против тиранската платформа, кој мисли македонски и се грижи за државата“. Акцијата ја спореди со Дивиот запад. Тој побара „итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на политички прогон“.

На протестот се обратија актуелни и поранешни пратеници, членови на опозициската партија, кои повикаа за итно ослободување на приведените лица.

На протестот присуствуваа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Соња Тарчуловска, сопругата на пратеникот Јохан Тарчуловски, актерот Тони Михајловски и поранешниот директор на Архивот на Македонија Филип Петровски.

Вечерва граѓани ги блокираа и крстосниците кај Тутунскиот комбинат во Кисела Вода, крстосницата кај трговскиот центар Мавровка, а запрен е и сообраќајот кон Ѓорче Петров кај Порта Влае.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.