Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието гласаше ЗА одземање на имунитетот на шетмината пратеници

5
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2017 12:35

Собранието едогласно одлучи за одземање на имунитетот и го одбри барање за одобрување притвор на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски поднесено до Основен суд Скопје 1 од Одделот за организиран криминал на 28 ноември.

Џафери на самиот почеток денеска констатираше дека се присутни 67 пратеници и оти може полноважно да се одлучува.

За дискусија беа пријавени само двајца пратеници, Томислав Тунтев  од СДСМ и Артан Груби од ДУИ, кои ги осудија настаните од 27 април и повикаа Собранието да обезбеди правдата да важи подеднакво за сите.

-Убеден сум дека и нашите колеги пратеници на кои се однесува оваа одлука ја разбираат потребата како законодавен дом да овозможиме услови за правдата да го најде својот пат. Враќањето на правната држава е најважно за Република Македонија, а институциите имаат должност да го расветлат случајот за никогаш да не се повтори – рече Тунтев.

Во обраќањето пред парламентот Тунтев порача дека она што се случило тој ден е спротивно на сите човечки, морални, етички и законски правила и прописи.

-Тој дел кој влезе во сраманата историја на нашата држава мора да биде расчистен, за да ја избришеме оваа темна дамка. Му го должиме тоа Собранието. Соочени сме со сериозен предизвик. За нас не беше лесно да донесе конечна одлука. Се потпревме врз практиката и мудроста на ова Собрани кое изминатите години се соочувало со вакви предизвици. Од осомостојувањето на Македонија, Собранието никогаш не дозволило попречување на судските одлуки, не треба ни сега. Судот во неколку наврати побарал од Собранието да донесе одлука за одземање на имунитет на пратеници, а Собранието имало интенција да го остави судот да одлучува за пратениците, каок и за секој дргу граѓанин. Изборот за сите нас е јасен, не е едноставен, со оглед на заедничката определба на сите за правна држава – рече Тунтев.

Дваесет и седми април беше тежок ден за демократијата и имиџот на државата и тие сцени никогаш да не се повторат, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

-Сите заедно носиме одговорност и сите сме рамноправни пред законот и правдата. Сите треба да се осмелиме да го наследиме тоа што го наследивме на 27 април, почитувајќи го правото, законот и волјата на народот – рече Груби.

Тој истакна дека се залагаат за реформи во судството, интеграција во ЕУ и НАТО, за добрососедски односи и затворање на отворените прашања.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да учествува на седницата, нарекувајќи ја „политичка фарса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

– Желбата на СДСМ е да имаат апсолутна и неконтролирана власт во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите возможни опции за да се спротистави на ова безумије и да се стави во заштита на луѓето кои неправедно се дел од политички монитрани процеси без разлика дали тоа се пратеници, официјални лица или обични граѓани, чии единствен грев е што се дрзнале врз основа на својата совест и убедување да се спротистават на политиките на СДСМ, се наведува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За симнување на имунитетот на шестемина пратеници беше потребно просто мнозинство односно 61 глас.

Со тоа заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на пратеничкиот имунитет на Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Но и покрај одезмањето на имунитетот на пратениците, тие, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако пратеникот е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

гласање одземање имунитет Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.