Албанија засега брои една жртва по големите поплави предизвикани од поројните дождови што ја зафатија земјата.
Се работи за вработен во националната енергетска компанија.
Над 7874 хектари земјоделско земјиште и 3193 куќи се под вода, а неколку патишта на југот на земјата се во прекин заради поплави и лизгање на земјиштето.
Околу 6400 полицајци и војници се во акција помош на настраданите.
Во меѓувреме, српскиот претседател Алексанадр Вучиќ му понудил помош на албанскиот премиер Еди Рама.
Како што пренесуваат албанските медиуми, кои се повикуваат на извори на Владата во Тирана, Вучиќ изразил жалење за големите штети од поплавите во Албанија и притоа нагласил дека Србија е подготвена да упати техничка помош за санирање на последиците од големите поплави.
Покрај поплавеното обработливо земјиште, поплавени се и голем број куќи, урнати се мостови, оштетени се патишта, а во училиштата прекината е наставата.