НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реформистите на ВМРО ДПМНЕ и ФРОДЕМ се обединија

0
By Нова ТВ on December 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 23 декември, Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) и Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се обединија во едно тело.

За претседател на тоа тело е избран Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.

– Со овој гест на обединување покажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ во своите редови има сила за демократски капацитет и надминување на состојбите во партијата на демократски начин. Ја користим можноста да ги повикам останатите демократски сили кои не се задоволни од актуелното раководство и водење на партијата во погрешен правец да се приклучат и со заеднички иницијативи да ја извадат партијата од несаканата ситуација, а излезот од таа ситуација е само влегување на демократијата во самата партија, рече Алексовски на прес конференцијата.

Тие рекоа дека едно од барањата зад кои стојат е промена на статутот на партијата и демократски избор на сите тела и на претседателот. Кои се нивните ставови и како ќе настапат кога е во прашање оставката на Никола Груевски и претстојниот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, рекоа дека ќе ги соопштат на 17 декември.

Тврдат дека во нивните редови се наоѓаат и делегати кои имаат право на глас при изборот на партиски лидер.

-Ова е прв чин на обединување, што за македонски и за вмровски услови е голем исчекор. Самото обединување и окрупнување на демократските сили ја зголемува нашата моќ и членството за да можеме да делуваме, рече Александар Коневски од Иницијативата за реформи.

Иницијаторите ги повикаат незадоволните партиски членови да им се придружат во движењето за реформи на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ има сила во своите редови за демократски капацитет и надминување на состојбите кои ќе гарантираат евро-атланската иднина на државата. Ги повикувам останатите демократски сили, кои не се задоволни од атуелното раководство и водење на партијата во погрешен правец, да се приклучат и со заеднички сили да ја извадиме партијата од оваа несакана ситуација, рече Алексовски.

Прво, сакаат да видат што ќе одлучи Централниот комитет на партијата кој утре треба да заседава во однос на оставката на Груевски.

Алексовски обединување ФРОДЕМ; Реформи во ВМРО ДПМНЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.