Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските лидери во потрага по пари за борба против сé потоплата клима

0
By Нова ТВ on December 11, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 11, 2017 14:46

Две години по париската климатска конференција КОП21 и усвојувањето на договорот против глобалното затоплување, утре во Париз се одржува “One Planet Summit”. Средба на која се најавени десетици светски лидери во потрага по начин за финасирање на климатската акција која бара итно ослободување од јагленот и другите фосилни горива.

Цел на конференцијата, во ко-организација со Обединетите Нации и Светската банка, е како да се натераат светските финансиери да почнат да инвестираат во “зелена енергија” и да ги поддржат земјите од југот на планетата што најмногу стрдаат од промените на климата.

Во Париз се најавени лидери на повеќе европски, афрички и јужно-американски земји, првите луѓе на ОН и на Европската комисија, потоа Леонардо Ди Каприо, актер и еколошки милитант како и повеќе инвеститори и газди на богати фирми. Но во Париз не доаѓаат лидерите најголемите загадувачи како Кина, Индија, Канада или САД, земјата што се повлече од климатскиот договор. Овие земји ќе бидат претставени на министерско ниво додека САД ќе ги претставува американски дипломат од амбасадата во Париз.

Последните научни студии на ГИЕК (Група меѓувладини експерти за еволуција на климата) потврдуваат дека големиот број урагани и пожари во изминатата година се последица на затоплувањето и најавуваат дека нивниот број ќе продолжи да се зголемува.

Според проценките, за запирање на затоплувањето на светот му се потребни 90 милијарди долари до 2030 година. Сумата е огромна но овие инвестиции би изнесувале одвај 5 отсто од инвестициите кои секако се реализираат. Оттука е идејата за оваа конференција што треба да ги реориентира инвестициите.

Eден извештај на повеќе невладини организации вели дека банките за развој и јавните институции од земјите на групата Г20, трошат годишно 72 милијарди долари за проекти поврзани со фосилни енергенски како јагленот а четири пати помалку за «зелена енергија».

Во 2015 година во Париз меѓународната заедница се согласи дека температурата на планетата треба да се задржи под критичното ниво од +2 степени споредено со прединдустрискиот период. Но државите не ги остваруваат обврските преземените во Париз па така температурата во моментов изнесува +3 степени.

 

"One Planet Summit" зелена енергија климатско затоплување КОП21 Париз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.