НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калајџиев си поднел оставка од Советот за реформи во правосудството

1
By Нова ТВ on December 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот по Казнено процесно право на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев, пред десетина дена поднесе оставка од членството во Советот за реформи во правосудството, објави МИА.

Како што вели Калајџиев, тој Советот го доживувал повеќе како декор на Министерството за правда и Владата, отколку како вистински Совет за реформи.

„Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред сè, тука мислам на самите судии, обвинителството во делот на правосудството, ниту на дел на инклузивноста на граѓанскиот сектор. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот Совет“,рече Калајџиев.

Според него, Совет бил маргинализиран, се свикувал многу ретко – еднаш во два месеца, а на дневен ред се поставувале прашања по избор на Министерството.

„Некои важни иницијативи се одбиваат без аргументација, така што Советот го доживувам повеќе како декор на Министерството и Владата отколку како вистински Совет за реформи. Мислам дека напротив сериозноста на задачата бара многу добро да се размислат чекорите што се преземаат, бидејќи само палијативни, нови крпења на законските прописи, нема да донесат решенија на проблемите како што не донесоа ни досега, бидејќи ние и без да правиме реформи имаме пристојни законски решенија. Но, имаме сериозни други проблеми што уште де факто не сме ги детектирале зошто и како нашиот систем не е резистентен на политичките влијанија, кои се тие канали преку кои се врши притисок врз судството, обвинителството што доведуваат до селективност, политизираност – истакна професорот Калајџиев.

Тој додава дека дури и неговата оставка од работата во Советот не била истретирана.

„Значи, никој не ме повика да разговара во смисла на тоа каде се проблемите. Мислам дека оваа реакција вреди најмалку еден разговор. Нас ниту нè прашаа кога нè назначија, ниту денес нè третираат за некои од иницијативите што ги одбиваат да нè викнат на разговор, да поразговараме за други проблеми кои ги истакнавме. Ние бевме незадоволни и од, условно речено, техничката страна, не добивме материјал навреме, не бевме информирани каде се некои реформски зафати, не бевме информирани за фидбекот на ЕУ и експертите од таа страна, не бевме информирани за дебатите што се водат и тој фидбек, немавме благовремено материјали за многу работи, немаме влијание врз техничките комисии што почнаа да работат на некои закони“, посочи тој.

Калајџиев се пожали и дека се чувствува понижен од луѓето во Комисијата на МП кои го ставиле во некои законски проекти за заштита на приватноста, за укажувачите и други, кои не биле негова експертиза и поле на интерес.

Советот вкупно има 22 члена, од кои 17 се надворешни експерти, а петмина членови се од Министерството за правда. Основањето на Советот за спроведување на реформи во правосудството е дел од Планот за реформи на Владата, познат како 3-6-9.

Гордан Калајџиев План „3-6-9“ Совет за реформи во правосудството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.