Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи не очекува нов министер за здравство пред 25 декември

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 18, 2017 13:46

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска, одговарајќи на новинарско прашање рече дека не верува дека новиот министер за здравство ќе биде назначен пред 25 декември, бидејќи, како што рече тоа не го дозволува агендата во Собранието.

Тој рече дека овие денови ќе бидат искористени за нови консултации.

Во овој контекст тој уште рече дека колку што му е негму познато, нема да има поширока реконструкција туку само ќе бидат пополнети испразнетите места во Владата по локалните избори.

И покрај информацијата во јавноста викендов дека неврохирургот Венко Филипче ќе седне во министерската фотеља, а Алијансата на Албанците треба да го земе заменичкото место во здравството, од партијата на Села за НОВА изјавија дека таква понуда до нив не стигнала, ниту пак со нив било преговарано во последните две недели за ова.

Арбен Таравари кој го заменува Зијадин Села додека престојува во САД, за НОВА потврди дека немало ниту преговори, ниту средба за ова во последните две недели.

„Немаме официјална информација з а ова, ниту пак ни е понудено заменичко место. Ние сме во постојана комуникација со меѓународниот фактор и тие се согласуваат дека треба да продолжиме, односно да си го задржиме местото на прв човек во здравството“, изјави Таравари за НОВА

Таравари потенцира дека има различни гледишта во партијата за заменичкото место или за можно излегување од Владата, но конечен став од партијата нема. Нивниот кандидат за министер е Вулнет Ферати кој работи како претставник на една странска компанија за лекови.

Сепак, извори од СДСМ брифираат дека тоа е завршена работа и дека Венко Филипче, најверојатно ќе биде новиот министер з а здравство. Кај социјалдемократите точката на вриење е на високо ниво во последните два дена бидејќи за ова место има неколку заинтересирани кандидати, како и внатре партиски лоби групи кои ги протежираат.

Последните информации говорат дека откако отпаднале Ферати и Дохчев, копјата се кршеле меѓу Филипче и Христијан Костов, актуелен директор на болницата “8 Септември“. Извори од партијата велат дека Филипче е нивниот избор и дека Алијансата ќе го изгуби местото.

Премиерот Зоран Заев пред два дена најави дека конечната одлука ќе биде доставена до Собранието денеска.

Министерската фотеља во здравството е празна повеќе од три месеци, откако Таравари се кандидираше за градоначалник на Гостивар. Во Министерството за здравство и воопшто во ниту еден ресор, во било која Влада не се случило толку долго да остане без министер.

Бујар Османи декември Министер за здравство Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.