Советот на град Скопје на вчерашната седница ја усови одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје.
Согласно оваа одлука, се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1.декември до 31.март, односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути.
Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на Скопје, што е предвидено и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадувањето на воздухот“ од 15.12.2017 од страна на Владата на Република Македонија.
Град Скопје ги информира сите засегнати страни дека Секторот за сообраќај ќе изврши усогласување на издадените одобренија – повлекување и издавање на нови одобренија во согласност со одредбите од одлуката.