Пратеникот Пачно Минов, кој е член на ГРОМ и дел од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ тврди дека со тоа што присуствува во работата на Собранието само си ја врши пратеничката работа, но дека останува дел од опозициската коалиција.
-Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија”, напиша на Фејсбук пратеникот Панчо Минов.
Минов вчера присуствуваше на расправата на собраниската Комисија за политички систем, за разлика од останатите пратеници од оваа коалиција, кој со недели ја бојкотираат работата на СОбранието и неговите тела во знак на протест за нивните притворени шестмина пратеници за настаните од 27 април.
Предходно, на 15 декември, на продолжението на собраниската седница за именување нов јавен обвинител, покрај парламентарното мнозинство присуствуваа и опозиционерите од Движењето БЕСА и пратеникот и лидер на Сојузот на Ромите Амди Бајрам, кој е исто како Минов, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Работата на Собранието не ја бојкотира ниту Чедомир Саздовски, кој го напушти ГРОМ и делува како независен пратеник.