Во својата божиќна порака, папата Францис побара од Римокатолиците да не го игнорираат плачот на милиони мигранти кои се избркани ос своите домови.
Ваквата порака е само дополнување на неговата постојана одбрана на бегалците.
„Гледаме само траги од милиони луѓе кои не по свој избор ги напуштаат својата земја и своите најблиск, избркани“, рече Папата.
Претците на папата Францис, односно неговите баба и дедо се италијански мигранти.
Според проценките на светските организации, повеќе од 20 милиони мигранти се раселени низ светот. Освен бегалците кои од војните во Сирија и Африка бегаат во Европа, последниот голем бегалски бран се Рохинга, кои бегаат од Мјанмар поради насилствата.
Папата го посети Мјанмар и Бангладеш, каде што голем дел од луѓето пребегуваат.
Тој бара насекаде во светот бегалците да бидат примени.