Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дојде во Владата за да се сретне со премиерот Зоран Заев. На средбата меѓу другото се очекува да се разговара за блокадата на Собраниските седници од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски на влегување во Владата најави дека изјава за медиумите ќе даде по средбата.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште не одлучиле дали ќе се вратат во собраниските клупи. Мицкоски денеска изјави дека сите опции се отворени и дека конечната одлука ќе ја соопшти по завршувањето на попладневната средба со премиерот Зоран Заев.
„Имаме нов координатор на пратеничката група – тоа е Влатко Ѓорчев, откако Илија Димовски се повлече, рече Мицкоски. Тој негираше дека Димовски се повлекол поради незадоволство и за причините за одлуката упати да се побара одговор од него.
На останатите пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, остануваат истите координатори, додаде Мицкоски.