Марија Шарапова се пласира во четврт-финале на турнирот во Шенжен по победата со пресврт над Американката Алисон Риске со 4:6, 6:3, 6:2.
„Сакав брза и лесна победа, но потребни се и вакви мечеви во овој мал период на подготовки за Австралија опен“, рече Русинката по мечот што траеше, речиси, два и пол часа и во кој спаси десет брејк топки.
Наредна противничка на Шарапова во Кина ќе биде Зарина Диаз од Казахстан. Пласман меѓу осумте најдобри осигураа и Белорусинката Арина Сабаленка и Унгарката Тимеа Бабош.
Осминафиналето, пак, беше недостижна фаза на турнирот за Јелена Остапенко. Сензационалната победничка на Ролан Гарос од минатата година загуби од Кристина Плишкова со 1:6, 4:6.
„Бев помалку нервозна во вториот сет, но за среќа мојот сервис функционираше добро што ми беше од голема помош“, рече чешката тенисерка.
Плишкова за место во четврт-финалето во Шенжен ќе игра со Ана Богдан од Романија.
ВТА Шенжен
Осминафинале, резултати
Шарапова (Русија) – Риске (САД) 4:6, 6:3, 6:2
Диаз (Казахстан) – Жанг (3., Кина) 6:3, 6:7, 6:4
Бабош (Унгарија) – Линете (Полска) 6:2, 6:1
Сабаленка (Белорусија) – Ковиниќ (Црна Гора) 6:1, 6:0
Шеснаесетфинале, резултати
Кр. Плишкова (Чешка) – Остапенко (2., Летонија) 6:1, 6:4
Богдан (Романија) – Џорџи (Италија) 6:4, 6:2