Роберт Просинечки е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Одлуката падна на денешната седница на фудбалскиот сојуз на БиХ.
Еден од најдобрите играчи на просторите на поранешна Југославија го наследува Мехмед Баждаревиќ кој беше на кормилото на „змаевите“ од 2014 година до 2017 година. Во играчката кариера играше и за Реал Мадрид и за Барселона, а со Црвена звезда стана европски и светски клупски првак во 1991 година.
По завршување на играчката кариера во 2006 година работеше како асистент во хрватскиот национален тим до 2010 година. Потоа почна самостојна тренерска кариера најпрво во Црвена звезда (2010-2012) потоа во Кајзериспор (2012-2013) пред да го прифати предизвикот да ја води репрезентацијата на Азербејџан (2014-2017).