Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами пријавил во полиција дека му забраниле влез во канцеларијата

0
By Нова ТВ on January 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 7, 2018 16:41

Синоќа околу 23 часот, Билал Касами во полициската станица во Бит пазар пријавил дека непознати луѓе од агенција за обезбедување го спречиле да влезе во партиската канцеларија во ТЦ „Мавровка“.

Од МВР потврдија дека Касами пријавил дека 3 часа не му било дозволено да влезе иако тој е претседател на партијата. Касами од Тетово стигнал во Скопје, веднаш откако партиските тела се состанаа во просториите во „Мавровка“ и повикувајќи се на мнозинство во партиските тела за в.д. претседател на Беса го назначија пратеникот Неџбедин Каремани.

Тој избор се случи откако Касами и друга група членови на раководството на Беса во Тетово определија на 24-ти февруари да биде одржан првиот партиски конгрес, а дотогаш партијата да ја води претседателот Касами.

По ВМРО-ДПМНЕ, Беса со 5 пратеници е втора по големина опозициска партија во Собранието.

Тетовскиот огранок на Беса не ја признава одлуката од Скопје

Претседателката на Форумот на жени на Беса од Тетово Хатије Етеми денеска информираше дека членство на движењето од овој огранок и околните места потпишале декларација со која се бара од органите на движењето одржување на внатрешното единство, политичкото влијание и успешните резултати во политичкиот живот во Македонија.

Етеми побара од пратеникот од тетовскиот регион Неџбедин Каремани, кој вчера на Централниот совет одржан во Скопје беше назначен привремено да ја води партијата, да ги почитува законските и легитимните органи на Беса и кажа оти претседател на партијата е Билал Касами.

– Бараме пратеникот Каремани кој мандатот го доби од активистите од овие локални ограноци, да ги почитува законските и легитимните органи на движењето Беса, да го почитува легитимниот претседател на Беса Билал Касами, кој и му го отстапи пратеничкиот мандат на Каремани, рече таа.

Апелираше сите оние кои се обидуваат на незаконски начин да и наштетат и да ја узурпираат Беса да се повлечат од оваа, како што кажа, „ѓаволска игра“ бидејќи во спротивно не само што ќе се соочат со револтот на нивните гласачи туку и ќе бидат преземени сите законски и политички мерки против секој од нив.

Абдуш Демири, задолжен за односи со медиумите, рече дека членовите на Централниот одбор што вчера одржале неформален состанок во Скопје биле поканети да присуствуваат и учествуваат на состанокот на Централниот совет на движењето Беса во Тетово.

– Последните информации ни беа дека тие ќе дојдат. Но во последен час добивме информации и слушнавме дека тие одржуваат некој неформален состанок во Скопје каде донеле нелегитимни одлуки. Централниот совет и движењето Беса се овде, изјави Демири.

Во однос на тоа што и на состаноците и во Скопје и во Тетово имаат свои посебни одлуки за одржување прв конгрес на Беса Демири рече дека не може да коментира неформални состаноци и одлуки.

– Можам да коментирам само околу легалниот состанок на Централниот совет на Беса што се одржа во Тетово каде се одлучи дека на 24 феврураи ќе биде организиран првиот конгрес на движењето Беса и каде беше избрана комисија од седум членови која ќе го координираат целиот процес за конгресот. До конгресот дивжењето Беса ќе го води досегашниот претседател Билал Касами, рече Демири.

Беса Касами МВР тетовски огранок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.