НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Решение за името можно и во првата половина на 2018 година

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју за грчката „Алфа ТВ“, премиерот Зоран Заев вели, постои можност за изнаоѓање на решение за прашањето за името до крајот на првата половина во 2018 година, сметајќи дека „црвените линии“ нема да бидат причина или изговор за ограничување на разговорите.

Заев во интервјуто изрази уверување дека опозицијата во Македонија ќе даде позитивен придонес во изнаоѓањето на решение со Грција, истакнувајќи ја потребата заеднички да го решаваат ова прашање.

Прашан за „црвените линии“, македонскиот Премиер потенцира дека ако постојат такви, тие би биле само кочници во изнаоѓањето на решение.

„Наша црвена линија е линијата која свети силно како водилка по патот за да дојдеме до конечно решение“, вели Заев.

Тој вели дека со Ципрас веруваат во исти вредности.

Во интервјуто, Заев дополнува дека власта е подготвена да разговара за преименувањето на аеродромот во Скопје, со што, како што рече, ќе се покаже неговото пријателство со Грците.

Тој повтори дека Македонија не е единствен наследник на Александар Велики.

„Повеќе сакам да верувам во иднината на нашата држава отколку да бидеме вкоренети со предрасудите од минатото, затоа што знам дека Александар Велики ќе биде еден елемент што ќе нè обедини, а не елемент на поделба“, вели Заев.

Премиерот во интервјуто неведува дека стратешка цел на Македонија е влез во ЕУ и НАТО.

 

Заев името црвени линии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.