НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи денеска во Атина – ќе се разговара за евроинтеграциите

0
By Нова ТВ on January 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во посета на Атина, каде што ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со заменик министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос.

На средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија и теми од заеднички интерес, соопштија Секретаријатот за европски прашања при македонската Влада и грчкото МНР.

Османи вели дека Скопје и Атина работат на градење на довербата и оти само во таква атмосфера е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името.

Османи, во интервју за Независната балканска новинска агенција -ИБНА во пресрет на денешната посета на Грција, повторува дека наредните шест месеци претставуваат историска шанса за Република Македонија да направи сериозен исчекор за затворање на прашањето за членство во НАТО и за отворање на перспективата за пристапни преговори за членство во ЕУ. На домашен план фокусот е на реформите во приоритетните области.

– Паралелно ќе работиме и на градењето доверба со Атина, како единствена можност за да постигнеме атмосфера во која ќе може да го затвориме и прашањето за името. Тоа е усогласена владина политика, па во тој контекст ќе биде и мојата посета на Атина, вели Османи.

Во овој момент, како што посочи, примарна цел на Владата е да ја интензивира комуникацијата меѓу Скопје и Атина, притоа искрено посветувајќи им се на мерките за градење доверба меѓу двете општества.

Вицепремиерот истакнува дека само во таква атмосфера на доверба е можно да се направи обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение околу разликите за името, за што верува дека во наредниот период ќе имаме резултат.

Министерот за надворешни работи на Грција, според грчките медиуми, за време на седницата на Владата, ги известил министрите за грчките позиции во преговорите за името.

Повикувајќи се на свои информации, медиумите во Грција, меѓу кои и државната агенција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, објавија дека сложено име со географска одредница за севкупна употреба е позицијата што ја претставил Никос Коѕијас.

Атина Османи Коѕиас средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.