НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерки против загадувањето во Скопје: Се мијат улиците и се чисти смет

0
By Нова ТВ on January 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Скопје, како дел од краткорочните мерки за намалување на загадувањето во градот, ќе спроведе акција  во која ќе измијат улиците од  наталожената прашина и ќе се исчистат јавните зелени површини во општините Чаир, Шуто Оризари и Бутел, соопшти градоначалникот Петре Шилегов.

-Продолжуваме со примената на вонредните мерки за намалување на аерозагадувањето. Наталожената прашина на улиците во градот е една од причините за загадување на воздухот. Планираме таа прашина да ја тргнеме од улиците. Кон крајот на минатата година организиравме чистење  на Скопје и  беа отстранети над 3.000 кубни метри смет. Целиме кон тоа чистењето да прерасне во редовна пракса, со која улиците во Скопје ќе бидат постојано чисти, рече Шилегов.

 

Тој, исто така, ги повика граѓаните на поголема вклученост во борбата против аерозагадувањето на секој можен начин и посочи  дека ниту една од мерките самостојно не го решава проблемот, ама повеќе мерки во кои ќе бидеме вклучени сите, и граѓаните и институциите, можат да придонесат да дишеме почист воздух, бидејќи Скопје е дом на сите граѓани, а чистотата на амбиенталниот воздух е заедничка обврска.

 

-Најпрво, три дена ќе се чистат улиците во општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Започнуваме со овие општини од причина што во овие делови на Скопје, најголем број од домаќинствата се греат на дрва, чие согорување го зголемува количеството на ПМ10 честички во воздухот. По завршувањето на чистењето во овие општини, планирано е акцијата да продолжи и во општините Аеродром и Гази Баба – рече Шилегов.

Во акцијата ќе бидат ангажирани вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП„ Комунална хигиена“ со нивната механизација. Работниците ќе ги исчистат од листови и ќе ги искосат јавните зелени површини, ќе ги искастрат крошните на дрвјата и грмушките, ќе ги отстранат сувите и надвиснати гранки над улиците коишто претставуваат и опасност по безбедноста на минувачите и учесниците во сообраќајот и ќе ги измијат улиците и тротоарите.

Скопје чистење Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.