НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина од жителите во Македонија се евроскептици

0
By Нова ТВ on January 12, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувањето „Хоризон 2020“ што е направено на програмата на Европската унија во однос на тоа како жителите на Западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата, покажа дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање.

Српските испитаници (60 отсто) се најголеми евроскептици, оценувајќи дека од Унијата имаат корист само оние кои се богати и моќни, како и дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентите и економијата.

Истражувањето покажува дека 50 проценти од Македонците се евроскептици, а потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора и покрај тоа што Подгорица е „најблиску“ до влез во Унијата.

За разлика од нив, во најголем процент жителите на Албанија и на Косово не го застапуваат ставот дека Унијата лошо ќе влијае врз нивниот културен идентитет или економијата.

Предраг Цветичанин, социолог и координатор на истражувачките активности во рамките на проектот „Надминување на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“, објасни дека постојат неколку причини за скептичноста на дел од жителите од Западен Балкан во однос на пристапувањето кон ЕУ.

– Меѓу причините за скептицизмот е тоа што Унијата често се процесира само како извор на богатство и помош – објаснува Цветичанин, додавајќи дека таа не е толку привлечна кога е соочена со проблеми.

Тој исто така, констатира дека за разлика од кризите во деведесеттите години на минатиот век, кога САД и ЕУ биле „единствен“ меѓународен фактор, сега врз регионот влијание имаат и Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија па дури и Иран.

– Тоа е секогаш опасно, кога големите светски сили мислат дека вие сте идеален пион за нивните стратешки игри. Поради тоа се надевам дека сите земји во регионот ќе бидат доволно паметни да не ја прифатат таа улога. Што се однесува на ЕУ, можеби тие поради моменталната ситуација ќе го изгубат интересот за Западен Балкан, а можеби и токму поради тоа ќе го забрзаат процесот за пристапување на земјите од регионот во Унијата. Тоа останува да се види, но последните сигнали посочуваат кон второто – заклучува Цветичанин.

ЕУ истражување скептици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.