Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туск го поддржа приоритетот на Бугарското претседателство за проширување на ЕУ кон Балканот

0
By Нова ТВ on January 12, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 12, 2018 10:28

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера во Бугарија на церемонијата по повод бугарското претседавање со ЕУ, испрати порака дека земјите од Западен Балкан заслужуваат стабилност и просперитет, а улогата на ЕУ е да го оствари тоа.

– Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото на „Игри на тронови“, иако нема змејови.  Ние сите би сакале сегашноста и иднината на Балканот да бидат со помалку драматични сценарија. Стабилноста, безбедноста, просперитетот – е она што луѓето од целиот регион го заслужуваат и улогата на ЕУ е да помогне таквото сценарио да стане реалност.

Добро е што еден од приоритетите на бугарското претседателство е иднината на Западен Балкан. Кој ако не вие, потомците на Спартак, наследниците на најстарата европска држава, вие кои никогаш не сте изгубиле знаме во некоја битка, би бил подобро позициониран и на висина на оваа важно и исклучително тешка задача, да се обнови европската перспектива за целиот регион. Вие отсекогаш бевте одлучни и храбри, што го потврдивте и последниве години, и затоа јас верувам дека во текот на вашето претседателство, вие ќе бидете исто ефикасни како Христо Стоичков на Светскиот куп пред четвртина век. Со премиер кој би исплашил еден Тракијски воин, вие сигурно ќе успеете во тоа – рече Туск во својот говор.

Туск ја отвори церемонијата рецитирајќи поезија на бугарски јазик.

„Моја возљубена татковино, колку си убава!

Колку сино е твоето пространо небо!

Колку погледите магично се менуваат!

Секој поглед открива нова убавина.“

– Овие зборови на Иван Вазов, патронот на ова место, добро го доловуваат духот на денешната прослава. „Секој поглед открива нова убавина“ – ова одраз е присутен со мене денеска, како претседател на Европскиот совет и Полјак. Затоа што како Полјак, добро разбирам колку многу работа, храброст и одлучност ве чинеше вас Бугарите, да го постигнете овој европски успех за вашата татковина. Никој не ви даде нешто бесплатно. Тоа бевте вие на прво место, вие сте авторите на ова историско пробивање, оваа „нова убавина“ – рече Туск.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.