Сегашниот претседател Милош Земан и академикот Јиржи Драгош се победници во првиот круг на претседателските избори во Чешка и тие ќе ги одмерат силите во вториот на 26 и 27 јануари. Земан освои 41,55 отсто, а Драхош 25,23 отсто од гласовите. После нив следуваат Павел Фишер со 9,56, Михал Харачек со 8,8 и Марек Нишлер со 8,7 отсто од гласовите.
Првиот изборен ден помина во сенка на скандалот што непосредно пред приоѓањето на претседателот Земан до избирачката кутија, го приреди украинската феминистка, за која подоцна се дозна дека се вика Ангелина Дујашова.
На видеото што го објавија чешките медиуми, може да се види дека таа ја соблекува горната облека и започнува да довикува погрдни зборови на англиски јазик против Земан. Таа ги крева рацете во воздухот и вели „Земан е ку*ва на Путин“, но веднаш е совладана од страна на обезбедувањето.




