Најмалку 20 лица се повредени минатата ноќ во експлозија која уништила три соседни куќи во северниот пристанишен град Антверпен минатата ноќ, соопшти белгиската полиција.
Полицијата објави дека експлозијата не била резултат на терористички напад, туку најверојатно на истекување на гас, а повеќето лица се со полесни повреди.
Една од трите куќи целосно е уништена. Од под урнатините се извлечени седум лица, а спасувачките тимови се уште работат на терен.
Белгија е во состојба на зголемена тревога по крвавите самоубиствени бомбашки напади во 2016 година и бранот исламистички напади во Европа.