НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фридом хаус: Македонија е делумно слободна држава

0
By Нова ТВ on January 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските граѓани уживаат делумна слобода, констатира американската невладина организација Фридом Хаус, во новиот извештај за слободата во светот во 2018 година, објавен денеска.

Македонија се опишува како држава чии настани и случувања допрва треба да се следат оваа година.

Со зборовите: „Демократски избрана влада со вклученост на етничките заедници“, „Фридом Хаус“ проценува дека новата владина гарнитура во Македонија цели да ја искорени корупцијата, а и други злоупотреби на системот кои, како што е наведено во извештајот, се засилиле во време на претходната влада.

Во извештајот за слободата во светот во 2018 година проценката е дека Македонија е делумно слободна држава. Македонија е оценувана од 1998 година и оттогаш има статус „делумно слободна“.

Овие години поените варираат од 3 до 4 на скалата од 7 поени.

Истата оценка годинава ја имаат и Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Бугарија и Србија, заедно со Хрватска, се оценети како слободни држави. Како неслободна држава во наша близина е наведена Турција.

Државите од Западен Балкан имаат потреба за подршка од поголемите и моќни демократски држави за да напредуваат кон остварување на демократските принципи, пишува во извештајот.

– Во Македонија, посредништвото од Вашингтон и Брисел помогна да се разреши долгогодишната политичка криза, отворајќи пат за новата демократски избрана влада. Но, во Србија толеранцијата на европските лидери кон премиерот Александар Вучиќ и неговите авторитарни тенденции му овозможија да ја придуши опозицијата и да ги погази oстатоците на независни медиуми откако победи на претседателските избори во април, констатира Фридом Хаус.

Од 195 држави, 49 се не слободни, 58 се делумно слободни и 88 слободни

Меѓу неслободните држави, 12 имаат помалку од 10 поени на скала од 100 поени при рангирањето на политичките права и граѓанските слободи.

Демократските вредности, особено правото за слободни и фер избори, слободата на медиумите и владеењето на правото, се нападнати низ целиот свет. Оваа констатација е почеток на извештајот. Авторите заклучиле дека Русија и Кина активно го шират своето анти демократско и автократско влијание во светот.

– Додека Соединетите Американски Држави и други демократски моќни држави се соочуваат со домашни проблеми и конфликти за приоритети во надворешните политики, првите светски автократи – Русија и Кина – продолжија да напредуваат. Москва и Пекинг се убедени дека демократијата е закана за нивните опресивни режими и работат постојано за да ги потценуваат демократските институции и да ги
уништат демократски принципи, стои во извештајот.

Организацијата проценила дека Кина и Русија ја користат демократската криза во светот за да ја зголемат злоупотребата дома и да го рашират своето влијание во други држави.

делумно слободна Извештај Македонија слобода во светот 2018 Фридом хаус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.