Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

#СегаКажувам (#TaniTregoj) наместо #ЗасекогашЌеМолчам

23
By Влатко Чаловски on January 16, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2018 15:56

Од скандалот со филмскиот продуцентски магнат, Харви Вајнстин, холивудската сцена повеќе не е иста. Се повеќе актерки или филмски работници се охрабрија јавно да зборуваат за непријатните искуства со мажите „предатори“ кои ја злоупотребиле својата моќ за да ги задоволат своите страсти.

По падот на Вајнстин, следеше и падот на легендарниот актер Кевин Спејси, за потоа да следат падови на политичари и обвинувања за сексуално или недолично однесување на луѓе од разни сфери во јавниот живот.

Кампањата #MeToo од случајот со Вајнстин наваму, најгласна беше на последната церемонија на филмските награди Златен Глобус, но денеска е активна и во Македонија со хаштагот „СегаКажувам“ и #TaniTregoj.

Идејата е на неколку активистки, познати во јавноста, а целта е како што велат тие, да се скрши молкот и да се крене свеста во јавноста дека станува збор за реален проблем.

Ирена Цветковиќ

„Целта на оваа иницијатива е да го скршиме молкот со кој се најчесто обвиткани искуствата на сексуално вознемирување кои ги доживуваат многу жени. Наша идеја не е да покажеме кои се насилници во Македонија, туку колку е нормализирано и распространето сексуалното вознемирување.  Живееме во култура која го оправдува, крие и нормализира овој вид на насилство и вознемирување, па затоа првиот чекор кон решавање на овој проблем е да се прозбори јавно“, вели Ирена Цветковиќ, директорка на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Според неа, решението за ваквите случаи не секогаш треба да се бара во државните органи, туку станува збор за систем кој треба да се менува.

„Решението не смееме секогаш да го бараме во правосудните органи. Решението лежи во сеопфатно  системско менување на релациите на моќ и злоупотребите кои тие ги носат, а тоа е можно само со сериозен влог во образование,здравство, медиуми, култура итн“, тврди таа.

На прашањето зошто баш сега оваа кампања, активистката и социолог, Ивана Драгшиќ, која исто така е дел од тимот кој прв започна со кампањата, вели затоа што кај жртвите потребно е време пред да се охрабрат.

Ивана Драгшиќ

„(Сега) затоа што се охрабривме, за разлика од сите минати искуства во кои многу од нас биле свесни за злоупотребата, а не проговориле за тоа. Потребно е време, кај некои жени-жртви и многу повеќе од тоа, за да можеш растеретено и отворено да констатираш дека си била третирана како предмет, и тоа од некој кој бил твој претпоставен, ментор, некој што требало да се грижи за твоето здравје или безбедност. Тоа време (и други видови надминување, охрабрување) е потребно поради очигледното обвинување на жртвите (кое дури и при овие исповеди се случува), заради срамот и линчот на кои се изложени, неверувањето и сомнежите, а секако и заради реперкусиите со кои се соочуваат, соочувајќи се со престапниците, кои најчесто се во надредена позиција и можат директно да влијаат на нечија професионална позиција, иднина, но и безбедност и здравствена состојба“, вели таа.

Таа дополнува дека важно е да се зборува отворено за да се отвори процеп низ кој ќе може да се видат и охрабрат оние кои претрпеле уште пострашни работи, работи кои се културолошки и системски прифатени и стимулирани кај нас и општества како нашето.

Драгшиќ потенцира дека превенција може да има само доколку овие ситуации бидат стопирани уште во најрана возраст, а тоа би се постигнало со соодветен систем на образование, поддршка на жртви, контрола на позиции на авторитет и моќ, но и казнување на овој вид престапи.

За тоа со какви се ситуации се соочувале оние кои говорат на социјалната мрежа Фејсбук, можете да прочитате во следните јавни објави извадени од нивните профили со тагот #СегаКажувам.

Она што треба да се запомни е дека оваа инцијатива е за подигање на свеста во јавноста дека секој еден околу нас без разлика на родот, верувањата и убедувањата, можеби бил жртва, но стравот од јавен линч надвладува пред да го изнесе своето искуство.

#TaniTregoj #СегаКажувам жртви насилство сексуално вознемирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.